Одлучи сам за твојата општина, Форум бр. 1 „Зајакнување на општинските совети“
Во четврток, 27.02.2020, во пензионерскиот дом Крушево ќе се одржи првата форумска сесија и работилница во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.
Општина Крушево обезбеди 50 000 швајцарски франци за финансирање на 1 или најмногу до 3 проекти, кои треба да произлезат од граѓаните преку работилници (форуми) дел од овој проект.
Ги покануваме сите граѓани да земат учество на првиот форум и со активен придонес да ги одредиме проблемите, да дадеме идеи и токму граѓаните да кажат како обезбедениите средства да се искористат.
Оваа форумска сесија и работилница е дел од проектот, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.
Линк до настан на „Фејсбук“: https://www.facebook.com/events/702530763687562/