Усвоен годишниот извештај на Општина Крушево за 2014г.
На 32-та седница на Советот на Општина Крушево беше усвоен годишниот извештај на Општина Крушево за 2014г.
Обврските спрема доверителите во 2013г. изнесувале 26 милиони денари.
На 31.12.2014г. обврските спрема доверителите се 22.360.560,00 денари или намалени за 4 милиони денари.
На 15.02.2015г. се исплатени 10.416.415,00 денари, со што обврските се намалени за уште 10.416.415,00 денари.
Остануваат обврски кои изнесуваат 11.944.145,00 денари.
Истовремено имаме ненаплатени побарувања по разни основи (данок на имот и комунални такси ) во вкупен износ од 10.556.149,00 денари.
Се повикуваат граѓаните и правните субјекти во Општина Крушево да си ги подмират своите обврски со цел успешно функционирање на локалната самоуправа.