Свечено отворање на Кариерен центар
Градоначалникот на општина Крушево, Ѓорѓи Дамчески, директорот на Проектот Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС) Ѓорги Кушевски и директорката на средното училиште „Наум Наумовски – Борче“, Фаница Николоска свечено го отворија Карерниот центар.
Директорката на училиштето во својот говор меѓу другото истакна „со Проектот Мрежа ЈЕС ќе ги зајакнеме нашите капацитети, ќе ги продлабочиме нашите знаења и вештини како наставен кадар, за поуспешно да ги насочуваме учениците во нивното планирање на сопствената кариера. Ќе им помогнеме на нашите ученици да развијат универзални кариерни вредности“.
При тоа упати голема благодарност до Проектот на УСАИД – мрежа ЈЕС за нивниот придонес и позитивен стимул за уште поефикасно да работиме и професионално да се надградуваме, да бидеме пример за нашите ученици.
Градоначалникот рече „почестен сум што во СОУ,,Наум Наумовски – Борче“ се отвара Центар за кариера кој ќе ги мобилизира младите во активности кои ќе им помогнат да направат правилен избор и донесат вистинска одлука за својата професија. Ако ја работиме професијата која најмногу не исполнува,за која имаме интерес и го даваме сопствениот максимум во реализацијата на предвидените обврски и поставени цели ќе постигнеме најдобри резултати на професионален план.
Во овој кариерен центар младите ќе научат како да бараат работа, ќе ги истражуваат своите интереси и кариерни можности кои се достапни на пазарот на трудот. Така ќе можат полесно да ги решат проблемите околу сопственото вработување.
Ваквите проекти и активности ќе ги поддржувам, бидејќи само преку добро образование ќе ги подготвиме младите да бидат двигатели на позитивни промени и прогрес во општеството.“