Прво место за одбојкарската екипа од ООУ „Никола Карев“ Крушево
Под менторство на наставниците Јован Јованоски и Тодор Проески учениците од ООУ „Никола Карев“ од Крушево, членови на одбојкарската екипа на училиштето го освоија првото место на регионалниот натпревар во одбојка во конкуренција на пет екипи од западниот регион. Победувајќи ги екипите од с. Бучин, Охрид, Битола и Тетово одбојкарската екипа се стекнаа со право на учество на Малите олимписки игри, кои ќе се одржат во средината на месец мај.
Општина Крушево им честита на учениците и им посакува уште поголеми успеси.