Ќе се реконструира спортската сала во ОУ „Никола Карев“
Оваа 2020 година ќе се реконструира спортската сала во ООУ „Никола Карев“ Крушево по одлуката на Владата на Република Северна Македонија за финансирање на овој проект.
Основното училиште во Крушево пред две години беше во тешка финансиска состојба, а недомаќинското раководење доведе и до нарушување на состојбата на спортската сала.
„Во изминатите две години успеавме да ја одблокираме сметката на ОУ „Никола Карев“ и да го преполовиме долгот, а сега благодарение на владата целосно ќе се реконструира салата. Со реконструкцијата ќе обезбедиме подобри услови за учениците, здрава средина и генерално подобрена состојба со основното училиште“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Финансирањето на реконструкцијата на спортската сала е во рамки на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2020 година на Владата.