Крушево исполнето со туристи, снегот ќе донесе нови
Викендот што измина(11/12.01.2020) Крушево беше исполнето со туристи од различни возрасти. Тоа е резултат на нашите активности на терен, промоцијата и збогатена понуда. Снегот од денес (13.01.2020) ќе биде уште еден мотив нови посетители од земјава и надвор да не’ посетат.
Бројот на туристи растеше во изминатите две години, ќе расте и во 2020. Ние ќе продолжиме да ја подобруваме инфраструктурата, да го промовираме Крушево на Балканот и во Европа и ќе ја нудиме нашата соработка на угостителскиот сектор.
Крушево веќе не е анонимна дестинација, Крушево е растечка туристичка атракција во меѓународни рамки.