Традиционално одбележување на Денот на лицата со посебни потреби
Традиционално градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше на одбележувањето на 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби организиран од Центарот за социјални работи и Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби со поддршка на општинската организација на Црвен крст во Крушево.
Градоначалникот Христоски на децата подели мали подароци и го честита овој ден со пораки за еднаквост и инклузивност на лицата со посебни потреби.
„Крушево е пример за згрижување на деца и за топлиот однос кон децата со посебни потреби и како општина работиме на инклузивност за сите лица со посебни потреби од нашата општината. Овој ден нека биде симбол на еднаквоста, борбата против дискриминација, заедничкиот живот и среќата на овие луѓе и на сите нас.“, рече градоначалникот на општина Крушево.