Патната инфраструктура во фокусот на општина Крушево
Во втората половина на 2019 година општина Крушево работи на неколку проекти од патната инфраструктура и оваа офанзива ќе продолжи и во наредната 2020 година.
Најпрво се асфалтираше пат до населеното место Јакреново во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој на подрачја со специфични развојни потреби, преку Бирото за регионален развој, односно Министерство за локална самоуправа. Општина Крушево за овој проект обезбеди 2.199,541 денари.
Потоа, започна да се асфалтира и уредува просторот околу спортските игралиште на „Гумење“ и стадионот „Езеро“ се до Крушевското езеро во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Со овој проект целосно ќе се уреди пристапот до викенд зоната Езеро. Обезбедени средства за овој проект: 11 981 547 денари .
Се гради и меѓуопштински пат од с. Борино, општина Крушево, до с. Житоше, општина Долнени како плод на соработката на двете општини. Проектните активности опфаќаат околу 7 800 000 денари.
Се реконструираше уште еден меѓуопштински пат од с. Бучин, општина Крушево, до с. Воѓани, општина Кривогаштани.
Изминатите денови започна и реконструкцијата на 2,5 километри пат до с. Саждево, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски објави дека извршен е вовед во работа за изведувачот за реконструкција на патот кон с. Пуста Река кој ќе започне да се асфалтира на пролет.
Во втората половина од годинава се санираа и локалните улици во градот и населените места. Интензитетот ќе продолжи и наредната година.