Адреналинските автомобилски трки завршија, најдобар Филип Василевски
Филип Василевски од АКК Кастом Кар клубот од Скопје е севкупен победник на ридско-брзинските автомобилистички трки кои викендов, 31.08 и 01.09, се одржаа во Крушево. Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и претседавачот на Советот на општина Крушево Тома Петроски ги доделија наградите во повеќе категории.
„Има честитам на сите учесници и ве поканувам догодина оваа трка повторно да ја одржиме во Крушево, а општината ќе продолжи да создава богата туристички понуда за да привлекува повеќе туристи“, порача градоначалникот Христоски пред присутните.
Организаторот Мојсие Милосавлевски изјави дека цел на организаторот е оваа трка да стане европска со учесници од многу земји, не само од Балканот.
Церемонијата на прогласување с еодржа во центарот на градот, а рангирањето во сите категории можете да го погледнете од фотографиите подолу.
Претходно, на отворањето на настанот претседавачот Тома Петроски изрази големо задоволство што после 10 години пауза овие трки втора година по ред повторно се одржуваат во Крушево.