Се поставуваат клупи, маси, ограда и детско катче во градскиот парк
Во соработка со компанијата Секе се уредува долниот дел од градскиот парк со негово оградување, поставување на клупи, маси и катче наменето за најмладите.
Општествено одговорната компанија Секе заедно со локалната самоуправа создаваат пред се побезбеден градски парк за децата, а секако и содржини за најмладите кои досега недостигаа.
„Се заблагодарувам за придонесот на компанијата која покрај тоа што вработува стотици луѓе, размислува и делува како општествено одговорен субјект. Претходно го исчистивме и хортикултурно го уредивме паркот, а сега обезбедуваме безбедна површина и содржини за децата“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.