На 4 октомври уште една еко акција, општината инвестира во „чиста дестинација“
Денес, 27.08.2019, во хотел Панорама Спа Крушево се одржа координативна средба на претставници од здружението „Welcome Macedonia“ и претставници на институции и бизнис сектор од Крушево во пресрет на организирање на уште една еко акција, но и креирање долгорочен план за создавање чиста дестинација.
Со поддршка на Амбасадата на Словачка на 4-ти октомври ќе се одржи голема акција за чистење на Крушево, а локалната самоуправа со помош на Амбасадата ќе набави контејнери за отпад.