Свечено отворен ФИС купот, резултати од денешните трки
Вчера, 23.08.2019, свечено беше отворен ФИС Ролер ски купот со полагање на цвеќе на гробот на Тоше Проески и обраќања од страна на потпретседателот на Скијачката федерација на Македонија Васил Сокле, претседавачот на советот на општина Крушево Тома Петроски и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Претседавачот на Советот Тома Петроски во своето обраќање потенцираше дека по долги години статус кво состојба од наредната години настанот ќе се отвора со полагање на цвеќе со ново изградено спомен обележје на сограѓанинот и поп икона Тоше Проески.
Министерот Спасовски ја пофали општината за нивната заложба за изградба на вечното почивалиште и порача дека преку вакви настани Крушево ја збогатува туристичката програма.
Денес од 9 часот се одржаа 4 трки во рамки на натпреварот на кој македонските претставници забележаа одлични резултати:
12 километри, мажи
- Ставре Јада
- Милош Милосавлевиќ
- Милош Чолиќ
6 километри жени
- Параскеви Ладоупулу
- Ања Илиќ
- Сања Кусмук
Михаела Даноска, од македонскиот табор, го освои 5-тото место.
3 километри, мажи, до 14 години
- Ахилеас Дракотос
- Петроски Коста
- Василиос Росенлис
- Благоја Најденоски
- Давид Торевски
А меѓу најдобрите во оваа категорија се најдоја и Дамјан Пејчиноски и Петар Ганговски.
3 километри, жени, до 14 години
- Марија Циарка
- Ана Јеремиќ
- Андреа Марковиќ
2 километри, мажи, до 12 години
- Андрија Тошиќ
- Евангелос Атанасиу
- Антонис Продромидис
2 километри, жени, до 12 години
- Ѓоѓриа Циарка
- Кристина Роза
- Анџела Јовановиќ
Утре ќе се одржат последните трки во идентични возрасни категории на 10, 5, 3 и 2 километри соодветно.