Овој викенд ФИС куп „Тоше Проески, наредниот ридско брзински автомобилски трки
Изминатиот викенд се одржа фестивалот на отворено „Крушево низ корија – петта епизода“ со вечерни забави и две велосипедски тури, а до крајот на месец август ќе се одржат ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“ и ридско – брзинските автомобилски трки.
Во петок, 23.08.2019, започнува ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“ со квалификации во 9 часот и официјалната трка од 10 часот. Свеченото отворање на настанот ќе се случува во спомен куќата „Тодор Проески“ во петок од 18 часот.
Во сабота и недела ќе се одржат уште две трки со почеток во 9 часот наутро на патот Кривогаштани – Крушево. Настанот е организиран од Скијачката федерација и Олимпик ски клубот од Крушево со поддршка на Министерство за внатрешни работи, Агенција за млади и спорт, општина Крушево и општина Кривогаштани. Учесници покрај од Северна Македонија ќе има и од Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина, а олимпиецот Ставре Јада е еден од фаворитите.
На 31.08.2019 и 01.09.2019 ќе се одржат ридско брзинските автомобилски трки на патот од с. Острилци до Мечкин Камен. Квалификациите ќе се одржат во сабота од 9 часот, додека двете официјални трки наредниот ден, недела, со почеток во истото време.