Започнува уште едно параглајдинг првенство со 130 учесници
Веднаш по завршување на 16-тото Светско првенство во параглајдерство во Крушево започнува уште едно меѓународно првенство со околу 130 учесници.
Утрово беше отворено првенство под наслов Gin Wide Open на кое градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски посака добредојде на учесниците.
„Драги учесници и гости, добредојдовте во Крушево, град на авантурата и местото за авантуризам. Завршивме со Светското првенство,а во годините што следат организираме уште неколку Европски и Светски првенства во параглајдерство и змајарство. Сакам да ви посакам одличен престој и успешно натпреварување.“, порача градоначалникот на општина Крушево.
Во Крушево присутен е и сопственик на фабрика за производство на падобрани од Јужна Кореа Џин Сеок Сонг кој во изминатите две недели го тестираше теренот и неговите нови производи. Во текот на наредните денови ќе објавиме и видео материјал во кој директно ќе пренесеме што господинот Џин мисли за Крушево и можностите за параглајдинг.