Објавен тендерот за гробното место на Тоше Проески
Општина Крушево денес го објави тендерот за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изрази задоволство што после години на непреземање ништо конечно ќе биде изградено гробното место.
„Со години не се поместувало ништо за нашиот сограѓанин и поп икона, но еве денес, благодарение на владата, го објавуваме тендерот за изградба на вечното почивалиште со што конечно ќе почнеме да го градиме гробното место на Тоше. Конечно нашиот Тоше ќе има достоинствено спомен обележје.“, изјави градоначалникот Христоски.
Огласот за јавна набавка за избор на изведувач за изградба на спомен обележјето е објавен на Електронскиот систем на Бирото за јавни набавки и можете да го погледнете на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/6885fd85-c594-48da-89a2-718879e60d1d/14
Во општина Крушево во тек се неколку тендерски постапки како асфалтирање на пат до с. Јакреново, асфалтирање на пат и уредување на инфраструктура до Крушевско езеро, изградба на канализација во Норово, реконструкција на пат од с. Борино до Житоше, општина Долнени.