Групата „Бона Деа“ на Летна сцена, остануваат уште два дена од „Десет дена Крушевска Република“
На Летната сцена синоќа се одржа концерт на групата „Бона Деа“, а вечерва во градскиот парк претстои забава со триото „Шербет“ и ди џејот Галоски.
„Бона Деа“ се претстави со неколку авторски песни, песни на Тоше и многу нумери на влашки, македонски, француски и англиски јазик.
Од „Десет дена Крушевска Република“ остануваат уште два дена и тоа вечерва „Шербет“ и Галоски, а утре вечер Викторија Лоба.