Започнува постапката за изградба на канализација во Норово
Министерството за транспорт и врски го распиша тендерот за изградба на фекална канализација во с. Норово, прва фаза.
Средствата предвидени за овој проект се 10 972 424 милиони денари, а огласот за јавна набавка за избор на изведувач е објавен на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки.
Огласот за јавна набавка погледнете го на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/e215de79-2088-46ff-b0f9-d3c5a9fc0931/14