10 милиони денари за изградба на гробното место на Тоше Проески
Во Министерството за култура денес (24.07.2019) градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски го потпиша договорот за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески.
Од владата се доделени 10 милиони денари за овој проект, а градоначалникот Христоски извести дека веднаш започнува постапката за имплементација на проектот.
„Ние веќе работиме на целосната процедура за изградба на спомен обележјето и сега по потпишувањето на договорот ги продолжуваме активностите се до реализација на долго ветуваното градење на гробното место. Конечно, благодарение на Владата, ќе го изградиме спомен-обележјето и така Тоше ќе има достојно вечно почивалиште“, изјави градоначалникот на општина Крушево по потпишувањето на договорот.