Градоначалникот Христоски го честита Денот на пожарникарите
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес (20.05.2019) ја посети територијалната противпожарна единица во Крушево и на вработените им го честита Денот на пожарникарите.
„ Честит 20-ти Мај-Денот на пожарникарството во Република Северна Македонија и на сите пожарникари, спасувачи во ТППЕ Крушево. Многу здравје и успех ви посакувам во извршување на вашите исклучиво тешки, специфични и ризични задачи. Сите ние сме во службата одговорни при заштитата, спасувањето и пред се сервис пред граѓаните на нашата општина Крушево.“, порача градоначалникот Христоски.
Во изминатиот период општина Крушево работеше активно на опремување и обновување на Единицата. Имено, општина Крушево набави ново противпожарно возило и оспособи уште едно од постарите возила, ТППЕ Крушево е целосно опремена со нова опрема за сите вработени, а дел од донацијата од Дирекцијата за заштита и спасување во заштитна опрема ќе послужи во работата на службата.