Ден на полицијата, Христоски ја посети полициската станица во Крушево
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ја посети полициската станица во Крушево и на вработените им го честита Денот на македонската полиција, 7-ми мај.
За Христоски овој ден е особено значаен затоа што и самиот доаѓа од безбедносните служби, а преку социјалните мрежи на неговите колеги им го честита овој ден.
„Ви го честитам Денот на македонската полиција! Вие сте столбот на безбедност во мирно и демократско општество, Вие сте столбот на спроведување и почитување на законите, Вие сте оние кои се грижите за нашата безбедност и безбедноста на сите граѓани.
Ви посакувам и понатаму многу здравје вам и на вашите семејства, успех и исполнетост на Вашите зададени задачи почитувајќи ги Уставот и законите со цел одржување на безбедноста и мирот на сите граѓани на нашата земја.“, порача градоначалникот преку социјалните мрежи.