За Велигден Крушево исполнето
Овој продолжен велигденски викенд Крушево го посетија неколку илјади туристи, а локалните кафулиња, ресторани, хотели и продавници забележаа зголемена посетеност.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски смета дека зголемената посетеност е резултат на промоцијата на Крушево како дестинација.
„Работиме многу на промоција на Крушево како туристичка дестинација, но и самата домаќинска работа на локалната самоуправа која резултира со многу проекти во реализација служат како промоција на нашиот град. Секако, овој викенд во Крушево беа присутни многу љубители на Крушево, странски и домашни, луѓе кои потекнуваат од ова место и сите оние кои досега биле во Крушево и сме оставиле убав впечаток па повторно се враќаат.“, изјави градоначалникот на општината.
Во изминатите четири дена градот беше посетен од претежно домашни посетители, но и странски посетители, најмногу од соседните земји и Балканот.