Градоначалникот додели цветови на вработените жени во „Фалко“, „СЕКЕ“ и „5 Летерс“
По повод Меѓународниот ден на жената градоначалникот на општина Крушево ги посети фабриките „Фалко“, „СЕКЕ“ и „5 Летерс“ и на вработените од женски пол додели цвеќиња и го честита празникот.
Оваа активност на градоначалникот на општина Крушево прераснува во традиција со оглед на тоа што секоја година на истиот начин го одбележува овој ден.