Претставници од Стејд департмент и Американска амбасада во Крушево
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес (08.02.2019) се сретна со претставници од Стејд департментот и Амбасада на САД во Република Северна Македонија и на средбата се разговараше за развојот на туризмот во Крушево, потенцијалот за инвестирање и генералната состојба со општината и Северна Македонија.
Градоначалникот на општина Крушево пред гостите се осврна на успесите на локалната самоуправа, но и проблемите со кои се соочува и од присутните побара било каква асистенција во однос изнаоѓање извори на финансирање и промоција во областа на туризмот.
Градоначалникот на гостите од женски пол додели цветови по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март.
Присутните гости се во дводневна посета на Крушево, а како дел од посетата ќе ги посетат знаменитостите во градот и ќе разговараат со граѓаните, а својата посета на Мекдонија ќе ја продолжат во Скопје.