Формиран Локален совет за превенција за подобрување на јавната безбедност и довербата во работата на полицијата
Советот на општина Крушево формира Локален совет за превенција кој ќе работи на јавната безбедност во општина Крушево и градење на доверба и партнерство во превенција на појавите во јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот.
Советот ќе работи на зајакнување на полициската ефикасност, подигнување на нивото на јавна безбедност, како и подигнување на нивото и довербата при вршење на работата на полицијата.
Советот брои 14 членови, заедно со претседавач, секретар и членови од повеќе области.