Конкурс за учесници на политичка академија – Прогрес институт
Прогрес – Институт за социјална демократија во соработка со Меѓународниот центар „Олоф Палме“, Фондацијата „Калеви Сорса“ и Фондацијата „Фридрих Еберт “, Канцеларија во Македонија распишуваат КОНКУРС за учесници на десеттата Политичка академија за социјална демократија во 2019 година.
Политичката академија е образовен проект, дизајниран како академски курс и тренинг. Главна задача на Академијата е да образува и тренира индивидуи коишто ги споделуваат социјалдемократските вредности и коишто во своите секојдневни активности влијаат и ги обликуваат политичките одлуки во Македонија.