Неделен информатор – 28.01.2019 – 03.02.2019

Во периодот од 28.01.2019 до 03.02.2019 локалната самоуправа ги реализираше следните активности:

Неделен информатор – 28.01.2019 – 03.02.2019

28.01.

  1. Објавена е програмата за фестивалот When in Krusevo – Winter is Here.

29.01

  1. Започнува процесот на децентрализација на НУ Историски музеј Крушево и НУ спомен куќа „Тодор Проески“.

30.01.

  1. За година и 3 месеци остваривме особен придонес во туризмот, културата, транспарентноста и заштеда на парите на граѓаните и нивно пренаменување за нивни суштински потреби.

2. Агенцијата за млади и спорт објавува повик за наградување на млади талентирани деца.

3. Средба на градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и Претседателот на основна единица на Македонски полициски синдикат Крушево Живко Иваноски.

4. Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ја посети спомен куќата „Тодор Проески“ и разговараше со вработените и раководителот на институцијата за важноста од професионално работење и управување со овој објект.

31.01

  1. Потсетување за јавен повик за учество на меѓународен саем за туризам во Белград, Србија.

01.02

  1. Градоначалникот Христоски додели опрема за членовите на Олимпик ски клубот за нордиско скијање, непосредно пред отпатувањето за меѓународен натпревар во Грција.

2. Општина Крушево го поддржува проектот на Министерството за здравство „Рурален доктор“, а спроведуван од здравствениот дом во Крушево.