Бесплатени здравствени прегледи за граѓаните од населените места
Здравствениот дом Крушево го спроведува проектот „Рурален доктор“ кој опфаќа посета на населените места од страна на доктор и медицинска сестра неколку пати во месецот и со тоа граѓаните од селата имаат можност да вршат бесплатни прегледи.
Директорката на здравствениот дом Зорица Трајчулеска вели дека и покрај тешките зимски услови и недоволната опременост на амбулантата руралната екипа најмалку еднаш месечно го посетува секое населено место.
Општина Крушево го поддржува овој проект и термините за посета на населените места покрај во руралните средини ќе се објавуваат и на општинскиот веб сајт.
Засега закажаните термини се следниве:
01.02.2019 – Пуста Река и Долно Дивјаци
06.02.2019 – с. Врбоец и с Св. Митрани
20.02.2019 – с. Пресил и с. Бучин.
Термините за останатите населени места ќе бидат дополнително објавени.