Јавен повик до угостителите за учество на саем за туризам
Почитувани угостители и туристички работници,
Општина Крушево од 21 до 24 февруари 2019 година ќе учествува на саем за туризам во Белград, Србија, во партнерство со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Локалната самоуправа ги повикува сите угостители, издавачи на соби, ресторани, пицерии, хотели и други туристички работници со свој материјал да учествуваат на штандот од општината.
Сите заинтересирани да достават промотивен материјал до општина Крушево за истиот да биде изложен на саемот во Белград.
Со почит,
Општина Крушево,
31.01.2019