Подобрување на транспрентноста, начините на комуникација и услугите кон граѓаните

Почитувани граѓани на општина Крушево, почитувани медиуми,

Со цел обезбедување дополнителна транспарентност и отчетност, како и подобра услуга на граѓаните информациите за контакт на градоначалникот и вработените во локалната самоуправа се надградени.

Најпрво, во делот на krusevo.gov.mk „Градоначалник“ додадена е електронска адреса на градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Во делот на „Контакт“, додадени се податоци за контакт на лице во општината за слободен пристап на информации, како и надградени се контакт податоците за лицата задолжени за комуникација со здруженија на граѓани, млади и медиуми.

Граѓаните на општина Крушево на телефонски број и електронска пошта ќе можат да пријавуваат проблеми со уличното осветление.

https://krusevo.gov.mk/?page_id=58

Исто така, граѓаните можат да пријавуваат и проблеми поврзани со работата на јавното комунално претпријатие „Комуна“ Крушево.

https://krusevo.gov.mk/?page_id=58