ЈАВЕН ПОВИК до доверителите на Општина Крушево и доверителите на единките корисници основани од Општина Крушево за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања
Врз основа на член 8 став 1 од Законот за финансиска поддршка на Единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од Единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски („Сл.весник на Р.М.“ бр. 209/18), Градоначалникот на Општина Крушево објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
до доверителите на Општина Крушево и доверителите на
единките корисници основани од Општина Крушево за пријавување на
доспеани, а неплатени побарувања
Се повикуваат доверителите на Општина Крушево и доверителите на единките корисници основани од Општина Крушево (Дом на култура „Наум Наумовски-Борче“ Крушево, ЈОУДГ „Гонча Туфа“ Крушево, ООУ „Никола Карев“ Крушево, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ с.Бучин Крушево и СОУ „Наум Наумовски-Борче“ Крушево) кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година, да се пријават во Општина Крушево со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.