Потпишан договор за соработка меѓу СОУ „Наум Наумовски Борче“ и СОУ „Нико Нестор“ Струга
Денес (11.12.2018) градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше на потпишувањето на меморандум за соработка меѓу СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево и СОУ „Нико Нестор“ од Струга во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција.
Градоначалникот Христоски на директорот на СОУ „Нико Нестор“ Миле Поповски и присутните професори им посака успешна соработка и порача дека Крушево е пример за меѓуетнички соживот.
Директорката на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Снежана Миленкоска доби симболичен подарок од страна на директорот на струшкото средно училиште во име на гимназијата и порача соработката да не се однесува само во областа на угостителскиот образовен сектор, туку да се проширува.
На средбата се обрати и директорот на СОУ „Нико Нестор“ Миле Поповски, а присутните проследија демонстрација на послужување од страна на учениците.