Од крушевските жени, домашно , од Крушево е…
Под слоганот „Од крушевските жени, домашно , од Крушево е...“ учесничките во проектот „Зајакнување на жените во Крушево преку мини здружување за продажба и промоција на традиционални производи“ поддржан од U.S. Embassy Macedonia, и спроведен од Finance Think и Општина Крушево учествуваа на новогодишниот базар во хотел Арка, Скопје.
Нивните производи презентирани на саемот во Скопје ќе може да ги најдете и на штанд во Крушево за време на новогодишните празници, во просториите на Туристичко-информативниот Центар воГрадскиот пазар.