ЧЕТВОРИЦА КРУШЕВЧАНИ МЕЃУ ПРВИТЕ ОСУМ НА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ
На школското државно првенство што се одржа во Кавадарци на 7 ноември четворица пинг понгари членови на ППК(пинг понгарски клуб) Крушево успеаа да се пласираат меѓу првите осум натпреварувачи, додека на Државното екипно првенство што се одржа во Куманово на 30.11.2014 ППК Крушево го освои високото второ место. Општина Крушево во повеќе наврати го обезбеди превозот на екипата за учество на натпреварите.