Се одржа Еврофест во чест на Тоше во Крушево, градоначалникот порача фестивалот да стане традиција
На 28-ми септември на градскиот плоштад во Крушево се одржа меѓународниот фестивал „Еврофест – чествување за незаборав на Крушево 2018“ и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски порача дека локалната самоуправа ќе се потруди овој фестивал да стане традиција во Крушево.
Фестивалот започна со неколку песни на Тоше придружени со танцување на плоштадот, а продолжи со изведба на песни во чест на Тоше од страна на победниците од европските фестивали.
Градоначалникот Христоски доби и награда како признание од бугарскиот пејач кој го отвори фестивалот.
На почетокот на фестивалот се обрати и организаторот Костадин Костадинов кој се осврна на дел од животот на Тоше Проески.