Фестивал на храна во Крушево
Во градскиот парк во Крушево се одржа првиот Фестивал на храна во организација на СОУ Наум Наумовски Борче на кој гостуваа неколку средни училишта и високообразовни институции, како и гости од Унгарија.
На Фестивалот се презентираа различни видови на храна и присутните имаа прилика да вкусат од истата, која доаѓа од различни краеви на државата.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски во своето обраќање го изрази задоволството што еден ваков настан се организира во Крушево.
„Овој фестивал во иднина го гледам како уште еден настан кој ќе привлекува туристи, а Крушево ќе го промовира како туристичка дестинација со многу нешта кои можат да се видат и да се пробаат. Гимназијата Наум Наумовски Борче покажува вистинска иновативност со организацијата на вакви настани и ги вклучува нашите ученици во активности кои се поинтересни за самите ученици и ја поттикнува нивната креативност.“, порача Христоски пред присутните