Денови на македонскиот филм во Крушево
Здружението на филмски продуценти на Македонија (МЗФП) организира Денови на македонскиот филм каде ќе бидат прикажани шест филмови во кои Македонија има мнозинско или малцинско учество.
Проекциите се бесплатни и во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.
Крушевчани во рамките на Денови на македонскиот филм, во Домот на култура во Крушево, на 20.09.2018г. (четврток) со почеток од 19:30 часот, ќе имаат можност да го проследат филмот „Ах, љубов моја“, урнебесна комедија во режија на Коле Ангеловски.
МЗФП прв пат ги организира Деновите на македонскиот филм со цел да ја промовира македонската кинематографија.