ЕУ караванот во Крушево – ЕУ отвора многу можности за Крушево
ЕУ караванот на 12-ти септември го посети Крушево со претпладневна работилница за можностите што европските фондови ги нудат заедно со Раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Македонија Никола Бертолини и дебата се Амбасадорот на ЕУ во Македонија Семуел Жбогар, како дел од попладневната програма.
Бертолини ги презентираше отворените фондови на ЕУ за Македонија и конкретно за Крушево, а по презентацијата следеше интерактивна дебата.
Пред попладневната дебата со Амбасадорот Жбогар градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ги предводеше Амбасадорот и делегацијата на ЕУ на прошетка околу знаменитостите во Крушево. Жбогар и Христоски заеднички ги посетија споменикот „Илинден“ и галеријата Никола Мартиноски и прошетаа по дел од крушевските улици.
На дебатата организирана во локално кафуле учествуваа и Амбасадорот на Унгарија Истван Дукс и претседателот на невладината организација Младински Сојуз Крушево Методија Стојчески.