ФОТО „Марш до Мусица“ и забава со Шербет и Марио Еди
По повод 8-ми септември Денот на ослободувањето на Крушево се одржа планинарска тура од Манастирот Св. Преображение до врвот Мусица и концерт на групата Шербет и ди џеј Марио Еди во градскиот парк во Крушево.
Според градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски овие настани треба да станат традиција и да привлекуваат поголем број на туристи.
„Втора година по ред се одржува „Марш до Мусица“, а за прв пат програмата ја збогативме со вечерн концерт под отворено небо. Овие настани треба да станат традиција и догодина да ги организираме подобро и со овој настан да привлечиме повеќе туристи“, изјави градоначалникот Христоски.
Подолу можете да погледнете фотографии од вчерашниот ден.