Свечена седница на Совет на општина Крушево, Осмосептемвриска награда за Христо Мулар
Христо Христоски Мулар постхумно ја доби овогодинешна осмосептемвриска награда, а советот на општина Крушево додели пофалници на повеќе поединци, институции и организации за нивниот придонес во Крушево.
Специјален гостин на свечената седница на СОветот на општина Крушево беше и амбасадорката на Швајцарија во Македонија која во име на Амбасадата прими пофалница за особен придонес во развојот на туризмот во Крушево.
Дел од денешните активности по повод празникот беше и работниот дел на седницата на Совет на која исто така беше донесена одлука за подигнување спомен обележје на Тоше Проески и положување на цвеќе на неколку споменици од страна на Советот, градоначалникот, Сојузот на борци и Здружението на пензионери.
На седницата се обрати и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој се осврна на значењето на овој датум и одговорноста што локалната самоуправа ја има кон борците за слобода.
Пофалници беа доделени на: Виктор Илиески, Васе Богоеска, Агенција за туризам, клуб АКК Скопје, хотел Монтана, првенец во генерација, СОУ Наум Наумовски Борче, Свисконтакт, ХЕЛИ ХЦ параглајдинг клуб.