Отворање на „Крушево – град на култура, историја и традиција“
На 26.06.2018 со почеток во 18:30 часот со етно саемот, организиран од „Цвет“ и општина Крушево, започна манифестацијата „Крушево-град на култура, историја и традиција“ со изложба на облека и традиционална крушевска храна.
На отворањето присуствуваа и градоначалникоот на општина Крушево Томе Христоски и Амбасадорката на Обединетите нации и Постојана претставничка на програмата за развој (УНДП) Луиза Винтон.
Настапот на групата „Синтезис“, кој беше закажан за отворањето, ќе се одржи во понеделник на 30-ти јули на градскиот плоштад во Крушево.