Се санира проблемот со недостатокот од вода во Светомитрани
Од вчера (13.06.2018) населеното место Светомитрани се соочува со недостаток од вода заради намерно отворање на вентилот на главната цевка која води до резервоарот. Отварањето на вентилот предизвикало претек на водата и резултирало со недостаток од вода кај жителите од селото.
Проблемот е саниран и резервоарите се полнат.
Апелираме до граѓаните главниот резервоар да остане затворен и да не се интервенира на истиот за во иднина граѓаните да не се соочуваат со овој проблем.