Општина Крушево добива ново патничко возило
Општина Крушево ќе добие ново патничко возило со кое ќе ги покрива потребите на општината и службените обврски.
Станува збор за возило марка „Нисан“ кое локалната самоуправа го добива од Агенцијата за одземен имот.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес се сретна со директорот на Агенцијата за одземен имот Фатон Асани и го доби решението за отстапување на возилото.
„Упатуваме голема благодарност до Владата на Р.Македонија и Агенцијата за одземен имот за доделување на возилото, кое ни беше неопходно за извршување на службените обврски“ напиша градоначалникот Христоски на својот Фејсбук профил по средбата со Асани.