Градоначалникот и претставници од општина Крушево на настани во Унгарија и Босна и Херцеговина
Оваа работна недела Општина Крушево покрај редовните работни обврски со свои претставници присуствуваше и на два меѓународни настани.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски од 29.05.2018 до 31.05.2018 присуствуваше на работен состанок со претставници на Лаговите и националните рурални мрежи на Македонија, Словачка, Полска, Чешка и Унгарија во Будимпешта, Унгарија. Целта на оваа посета беше да се претстават локалната стратегија и идните планови на општина Крушево и запознавање со примерите и искуствата од поразвиените земји во однос на руралниот развој
Соработникот за односи со јавност и лицето за комуникација со млади Сотир Габелоски од 28.05.2018 до 31.05.2018 беше дел од студиската посета на Сараево, Босна и Херцеговина, како дел од мрежата на младински банки на Македонија, проект предводен од Младинфо.
Посетата на Босна и Херцеговина се однесуваше на концептот „младински банки“ кој е нешто ново за Македонија, а општина Крушево заедно со младинската организација Младински Сојуз – Крушево ќе работат да го спроведат и на територија на општина Крушево.