Владата ќе префрли средства за изградба на вечното почивалиште на Тоше
Со денешната одлука на Владата на Република Македонија на општина Крушево и се префрлаат средства за изградба на спомен обелејже на Тоше Проески.
На денешната седница на Владата беше прифатен предлогот на Министерство за култура, а по претходно барање на општина Крушево, за одобрување и обезбедување на средства со кои Општина Крушево ќе го изгради вечното почивалиште на музичката ѕвезда.
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски преку социјалните мрежи порача дека веднаш по добивањето на предвидените средства ќе се започне со постапката за изградба.
„По добивање на средствата веднаш ја отпочнуваме постапката за изработка на проектна документација по претходно идејно решение.
Тоше го заслужува тоа!!!
Зборот е збор!!!“, напиша Градоначалникот Христоски на својот Фејсбук профил.