Васе Богоеска во потесен круг за влез во репрезентацијата на Македонија

Васе Богоеска

Членот на пинг понгарскиот клуб „Крушево“ Васе Богоеска влегува во потесниот круг за избор во репрезентацијата на Македонија, во пионерска конкуренција.

Од пинг понгарскиот клуб преку Фејсбук потенцираа дека Васе Богоеска е повикана на подготовки на репрезентацијата во Крива Паланка од 20.04-22.04.2018, а наредниот викенд (28.04 и 29.04.2018) ќе учествува на меѓународниот натпревар „Јасака опен“ во Ниш, Србија.

Успесите на пинг понгарскиот клуб продолжуваат и со тоа ја оправдуваат поддршката од локалната самоуправа.