Се исплаќа првата рата за избирачките одбори од последните избори
Општина Крушево од денес започнува со исплата на првата рата за членовите на избирачките одбори од локалните избори во 2017 година.
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски најавува дека до наредниот месец најверојатно во целост ќе се исплатат долговите кон членовите на избирачките одбори од последниот изборен циклус.
„Иако станува збор за голема сума кога ќе ја земеме во предвид финансиската состојба и буџетот на локалната самоуправа, сепак овие трошоци мора да се подмират и во најбрз можен рок членовите на одборите ќе си ги добијат своите пари. Денес ја исплаќаме првата рата од тие средства“, порача Градоначалникот Христоски.
Исплаќањето на првата рата ги опфаќа следните избирачки одбори: 1187, 1187/1, 1188, 1189, 1190, 1191, 1192, 1193, 1194, 1195, 1196.