340 000 денари за „Тодор Проески“ и пола милион денари за Историски музеј Крушево од Министерство за култура
За спомен куќата „Тодор Проески“ Министерството за култура во својата годишна програма одделува 340 000 денари по различни ставки: за заштита при електрични празнења и прекин на електрично напојување, фотографија за Тоше, изложба за живот и дело на Тоше и вајарство за Тоше и спомен куќа.
Што се однесува до Историскиот музеј Крушево Министерството превидува нешто повеќе од пола милион денари за промена на озвучување и осветлување во споменик „Илинден“, осовременување на музејската постава во Музејот на НОБ како и заштита на музејска документација, промоција на којунџискиот занает во Крушево, поставување на таван во две простории во Музеј на Илинденско востание, за фамилијата Гули во борбата за македонска државност и други.
За манифестацијата НКС „10 дена Крушевска Република“ Ресорното министерството доделува пола милион денари, а за годишната програма за култура на Општина Крушево речиси 1 милион денари, односно 956 000 денари.
Годишната програма на Министерството за култура можете да ја најдете на официјалната страна на Министерството за култура: http://kultura.gov.mk/