Се чистат каналите во Норово и Алданци
Јавното претпријатие „Комуна“ денес, 07.02.2018, е во населените места Алданци и Норово каде што се чистат одводните канали како превенција од можни поројни дождови и предизвикување поплави.
Претходно, „Комуна“ работеше на пределот во селата Саждево и Јакреново каде што исто така после неколку години се изврши чистење на каналите.