Реконструкција на патните правци Крушево-Кривогаштани и Крушево-Демир Хисар влезе во годишната програма на Транспорт и врски

download

Целосната реконструкција на патните правци Крушево-Кривогаштани и Крушево-Демир Хисар кои ќе се реконструираат по иницијатива на Општина Крушево се дел од годишната програма на Министерството за транспорт и врски објавена денес.

Реконструкцијата на двата патни правци ќе се финансира со заем од Европската банка за обнова и развој.

За Градоначалникот на Општина Крушево ова е реализирање на дел од клучните проблеми и барања на граѓаните.

„Како што најавивме пред неколку месеци по средбата со Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски темелно ќе се реконструираат овие два патни правци кои ќе ги олеснат работата и животот на граѓаните од Општина Крушево, Општина Кривогаштани и Општина Демир Хисар“, изјави градоначалникот Христоски.

Годишната програма на Министерството за транспорт можете да ја погледнете на следниот линк.