Млади од 9 светски земји неделава во Крушево – „Нурни подлабоко во социјалното претприемништво“

DIVE

Од 21-ви јануари 2018г. до 27-ми во Крушево ќе се одвива тренинг курсот дел од проектот „Нурни подлабоко во социјалното претприемништво“ (Dive Deeper Into Social Entrepreneurship) во организација на Младински Сојуз – Крушево во партнерство со повеќе организации ширум светов.

Преку овој проект, кој е финансиски поддржан од Еразмус + програмата на ЕУ, околу 30 млади луѓе од Македонија, Бугарија, Романија, Грција, Турција, Португалија, Јужна Африка, Коста Рика и Перу ќе работатат и ќе се едуцираат за решавање на проблемот на младинска невработеност и создавање на одржлива социјална и деловна клима за развивање на социјалното претприемништво.

„Нурни подлабоко во социјалното претприемништво“ е втора фаза од проектот, која следи само неколку месеци по завршувањето на првата фаза од „Нурни длабоко во социјалното претприемништво“.